Македонската сениорска репрезентација од денеска ги стартува подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. Првиот дел ќе се одвива во Маврово, каде што ќе бидат одиграни два меча со Црна Гора, додека вториот дел ќе биде во Скопје и во Пореч, каде што ќе се одиграат уште две средби против Хрватска и Израел. Селекторот Кире Лазаров го откри планот на подготовките.

Advertisements

“Имаме тешка група, каде што е една Норвешка за која нема потреба да се трошат зборови, Холандија која е во страшен подем и игра модерен и брз ракомет, како и Аргентина која на последното првенство направи проблеми на многу големи рерпезентации. Ќе тргнеме скромно, посакувам да останеме здрави до почетокот на првенството. Кај ракометарите постои огромна желба и мотивираност, а тоа ме радува. Успех е и самиот пласман на самото Светско, меѓутоа ќе дадеме сè да се пласираме во вториот круг, иако нема да биде лесно. Ќе се обидеме да направиме некое изненадување како аутсајдери“, истакна тренерот Лазаров.

На првиот собир селекторот ги пречека, речиси, сите репрезентативци, со исклучок на двајца интернационалци, Никола Митревски од Порто и Филип Кузмановски. Првиот ќе се приклучи во текот на неделава, а вториот ќе дојде на 28 декември, еден ден штом завршат обврските во Бундеслигата. Нивниот придонес ќе биде клучен во натпреварите во тешката група во Краков.

Прикажи повеќе