Жоан Лапорта се изјасни прилично сигуерн во обезбедувањето на иднината на Лионел Меси откако ја пренесе победата на Барселона во финалето на Копа дел Реј.

Новоизбраниот претседател гледаше од трибините во Севилја како неговиот капитен на тимот постигна два гола во победата од 4:0 над Атлетик Билбао.

„Лео е најдобриот играч на светот“, изјави подоцна Лапорта за Телесинко.

„Тој е многу поврзан со овој клуб. Убеден сум дека тој сака да остане и ќе сториме се што е во наша моќ тој да остане. Денес видовме дека е опкружен со одличен тим. Тие играа многу добар фудбал“, изјави Лапорта.

Копа дел Реј е првиот трофеј на новиот претседател откако ја презеде клупската одговорност и првата титула на тимот по две години.