Британски „Телеграф“ тврди дека Френк Лампард денеска и официјално ќе добие отказ во Челси по лошите игри сезонава.

Челси вчера со 3:1 го совлада Лутон во ФА купот, но ниту таа победа не донесе привремен мир на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ играат лошо во Премиер лигата, моментно се на деветтата позиција на табелата, а во последните пет натпревари успеаја да го победат само Фулам, одиграа нерешено со Астон Вила и загубија од Лестер, Манчестер сити и Арсенал.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович го загуби трпението со Лампард, и според „Телеграф“ од клубот им порачале на играчите да не доѓаат на тренинг денеска, што е најава за отказ на менаџерот.
Според дел од медиумите, наследник на Лампард на клупата на Челси ќе биде довчерашниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел.