Моќните и луксузни спортски автомобили на Lamborghini влегуваат во процесот на електрификација, а првиот целосно електричен модел е најавен за втората половина на актуелната деценија.

Штефан Винкелман како предводник на раководството на италијанскиот бренд потврди дека Lamborghini подготвил стратегија за влез во ерата на електрификацијата, а во неа е вклучен и електричен модел за кого допрва ќе бидат носени решенија во однос на дизајнот и концептот.

Сепак, почетокот на реализацијата на стратегијата е поврзана со класичните мотори, па до следната 2022 година, Lamborghini ќе претстави два нови модела со V12 мотор, од кои едниот веројатно ќе биде наследник на Aventador.

До 2024 година сите модели ќе бидат електрифицирани и достапни како хибриди, вклучувајќи го и бестселерот Urus.

Просечната Co2 емисија ќе биде намалена за 50 проценти до 2025 година, а потоа ќе следува и електричниот автомобил, кој ќе користи групациски ресурси, но истовремено ќе стане и четврти модел во портфолиото на Lamborghini.

Повеќе содржини за електрични автомобили: