Холаднија денеска по поразот од 2:0 од Чешка, го заврши настапот на ЕУРО 2020.

Репрезентацијата на Чешка направи голема сензација откако ја елиминираше фаворизираната Холандија (2:0) од турнирот.

Во првото полувреме се виде вистинска партија шах, речиси без никакви возбудувања.

Првата шанса се чекаше до самиот крај на полувремето, поточно до 38-та минута, кога Барак имаше голема шанса откако беше ангажиран од Севчик, но Де Лихт брилијантно го блокираше во последен момент.

Во судиското надополнување на првото полувреме, „Лалињата“ се закани и преку Ван Аанхолт, чиј удар одеше веднаш до противничкиот гол. Не беше постигнат гол за пауза од 15 минути.

Второто полувреме донесе подобра игра и неспоредливо поголема возбуда.

Сè започна во 55-та минута кога се случи нешто што комплетно го смени текот на натпреварот. Еден од најдобрите играчи на оваа селекција, дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лихт доби црвен картон по прегледот на ВАР. Де Лихт со ракометен потег го запре нападот на Чешка и сосема оправдано доби црвен картон.

После тоа, имаше само една екипа на теренот, а тоа беше Чешка.

Имаше голем притисок од Чесите, под кој Холанѓаните клекнаа десет минути откако останаа со играч помалку. Калас постигна одличен погодок, а на вистинското место беше Холес, кој постигна одличен погодок за големото славје на неговите соиграчи и навивачи.

Шокот во кој се најдоа Холанѓаните на најдобар начин го искористи одличниот Патрик Шик, кој ја запечати судбината на Орање со погодок во 80-та минута. Инаку, ова беше четврти гол на турнирот за напаѓачот на Баер Леверкузен, што го приближи до Кристијано Роналдо, кој е лидер со пет погодоци.

До крајот резултатот не се менуваше и можеше да започне славјето на Чесите, кои со тоа минаа во четвртфиналето на Европското првенство, каде ќе играат со репрезентацијата на Данска.