Кошаркарите на ЛА Клиперс синоќа успеаја да дојдат до победа од 109:99 против Далас Маверикс.

Клиперси конечно успеаја да забележат нова победа во одлична игра, иако Далас пружи навистина добар отпор. Тимот од Лос Анџелес имаше предност од скоро на самиот почеток, која не ја загуби до крајот на мечот.

Домашниот тим до нова победа го предводеше Кави Леонард кој постигна 22 поени, додаде осум скока и седум асистенции.

Лука Дончиќ и овој пат беше одличен во тимот на Далас. Словенецот запиша нов трипл-дабл учинок со 25 поени, десет скока и дури 16 асистенции.

Одличен беше и Никола Јокиќ, кој го доведе Денвер до триумф против Индијана (121:106). Српскиот кошаркар мечот го заврши со 32 поени, 14 скока и пет асистенции.

Бруклин славеше во градското дерби против Њујорк Никс со 117:112, а треба да се напомене дека Лејкерс убедливо го совладаа Голден Стејт со 128:97.