Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, синоќа нагласи дека е постигнат напредок во разговорите со Велика Британија и дека преговорите ќе продолжат денеска.
Таа и британскиот премиер Борис Џонсон синоќа телефонски разговарале за актуелната состојба во преговорите за односите меѓу Брисел и Лондон по 31 декември.
– Го поздравивме значителниот напредок за многу прашања. Сепак, треба да се надминат големи разлики, особено во областа на рибарството, наведе Лајен.