Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржа прес конференција на која изјави дека пропадналата лагата на Христијан Мицкоски дека струјата ќе поскапи 40 отсто. Како што вели таа, брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните.

-Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има.

Со цел да се помогне на потрошувачите од ранливата категорија граѓани, Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на овие потрошувачи на енергија за 2022 година. Почитувани граѓани,

Сите овие податоци, го демантираат Христијан Мицкоски кој свесно ја лаже јавноста, се обидува да креира паника кај граѓаните, кажувајќи дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ свесно прогнозираат панични бројки и посакуваат тие да бидат точни, вели Кузевска.