Косовскиот премиер Албин Курти изјави за британски Гардијан изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово не може да ги исклучи жртвите.
Курти изјави дека е загрижен оти тензичната ситуација може да ескалира „во полза на рускиот претседател Владимир Путин, имајќи предвид дека руските и српските сили спроведоа 104 заеднички воени вежби во 2021 година“.
Курти потоа зборуваше за барикадите.
„Нашата загриженост е дека отстранувањето на барикадите не може да ги исклучи жртвите. И затоа сакаме да бидеме максимално внимателни за да се погрижиме да нема дестабилизација и да има релативен мир и безбедност. Но, не можеме вечно да дозволиме кршење на законитоста и уставноста. Така да, ова мора да заврши, што побрзо, толку подобро“, рече Курти.
Тој нагласи дека ЕУ и САД се согласуваат дека барикадите треба да се отстранат.
Извор: Гардијан