Роналд Куман би можел да остане на клупата на Барселона и следната сезона.

Холандскиот стручњак ја доби довербата од раководството на каталонскиот клуб за оваа сезона, а веќе се зборува многу дека би можел да ја продолжи соработката со клубот.

Куман доби услови од лидерот на Барса под кои ќе добие нов договор и тие изгледаат речиси неверојатно.

Меѓу условите за продолжување на соработката, не се доволни само добри резултати на тимот под негово водство, туку и враќање на отпишаните играчи на кои Куман не сметаше и развој на млади фудбалери.

Куман ги отпиша Самуел Умтити и Рики Пуиг. Раководството на клубот побара од тренерот да ги врати во тимот. Тој го стори тоа без дискусија и ќе смета на нивните услуги до крајот на сезоната.

Исто така, челниците на клубот побараа од холандскиот стручњак да игра по систем 4-3-3. Клубот сака тимот да игра атрактивен фудбал со значителен настап на играчи од академијата.

Во воведните натпревари на сезоната, тимот не блеска, иако постигна две победи на три натпревари, но младите играчи добија шанса да играат (Гави, Нико Гонзалес).

Куман очигледно е подготвен да прифати апсолутно се што бара управата од него само за да остане на клупата на Барселона. Нема да биде чудно што тој ги прифаќа сугестиите за тоа кои 11 фудбалери ќе ги започнат неговите натпревари. Тој веќе прифати се друго.

Холанѓанецот немаше премногу тренерски успеси во текот на неговата кариера. Трофејот од Кралскиот куп минатата сезона е негов прв по 12 години и трофеј на Јохан Кројф со АЗ Алкмар. Тој претходно го освои холандскиот шампионат со Ајакс и ПСВ, и Купот на кралот со Валенсија во 2007 година.

Роналд Куман ја предводеше Барселона на вкупно 57 натпревари. Тој победи 36, ремизираше 10 и загуби 11.