Опозицискиот лидер, кој се чини дека изгубил на тежина, беше уапсен на почетокот на оваа година и издржува две и пол годишна казна во затвор на околу 100 километри источно од Москва.

Advertisements

Се товари за клевета на 94-годишен ветеран од Втората светска војна, кого наводно го нарекол   „корумпиран“, „човек без совест“ и „предавник“.

Навални, ги отфрли обвиненијата и ги оцени како обид за негово омаловажување.

Алексеј Навални, анти-корупционер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, започна штрајк со глад на 31 март во знак на протест против одбивањето на затворските власти да ги пуштат неговите лекари во посета откако му се појавија силни болки во грбот и вкочанетост на нозете.

На 24 април соопшти дека ќе почне постепено да го прекинува откако доби лекарска нега, иако политичките шанси за него и за неговото движење полека бледнеат.

Извор: SkyNews

Прикажи повеќе