Кристијано Роналдо многу пати покажа дека не е само врвен фудбалер, туку и голем човек.

Иако многумина го сметаат за себичен, Кристијано е далеку од тоа, а за каков човек е, најдобро покажува денешната објава.

Младиот напаѓач на Барселона, Ансу Фати веќе подолго време се бори со повреда на коленото. Неговото закрепнување не оди баш најдобро и неговата состојба загрижи многу навивачи на овој клуб.

Сепак, по специјалните прегледи, се очекува Фати да биде максимално подготвен за следната сезона, а порака за поддршка му ја испрати Роналдо.

Sвездата на Јувентус сподели видео од тренингот на младиот напаѓач на Инстаграм и му испрати поддршка.

“Ајде да одиме Ансу. Врати се брзо. Оди напред”.