Во рамките на 25. коло во ЛаЛига, Реал Сосиедад зеде бод од Мадрид и ремизираше против имењакот со резултат 1:1.

Првото полувреме понуди борбена игра, без многу сериозни можности, па на пауза екипите заминаа со резултат 0:0.

На почетокот на второто полувреме, шок за домашниот клуб.

Морнеал направи одличен центаршут во 55-та минута, а Порто ја искористи „поспаноста“ на одбраната на Реал Мадрид и погоди за водство на гостите од Сан Себастијан од 0:1.

До крајот на натпреварот кралскиот клуб се обидуваше да изедначи, а голот стигнаа во 89-та минута преку  Винисиус кој погоди за конечни 1:1.