Шпанската кралица Летиција која важи за една од најдобро облечените дами во светот, редовно го привлекува вниманието на светската јавност со своите модни избори.

Покрај сите беспрекорни модни изданија низ годините, шпанската кралица повторно воодушеви со својата скромност и природен изглед.

48-годишната кралица често може да се види во модни комбинации со потпис на нејзините омилени брендови како германскиот „Hugo Boss“ или креации на венецуелската дизајнерка Каролин Херера.  

Овојпат, кралицата имаше можност да биде домаќин на членовите на Шпанското здружение на деловни жени од Мадрид во палатата Зарзуела.

По тој повод таа беше облечена во прекрасен фустан со средна должина од шпанскиот бренд „Massimo Dutti“ во комбинација со чевли со боја на коњак од брендот „Magrit“.

Многумина на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека Кралицата Летиција веќе двапати го носела овој впечатлив фустан.

Освен тоа што остави впечаток дека воопшто не се грижи дека се појавува во веќе видени парчиња облека, што не е случај кога станува збор за членови на кралските семејства, Летиција својата светска препознатливост ја стекна со изданија во кои вешто ги комбинира скапите дизајнерски парчиња со парчиња со попристапни цени