Крај на соработата. Толку беше од „љубовта“ помеѓу Тотенхем и Жозе Мурињо. Англискиот тим претпладнево соопши дека му врачил отказ на Португалецот, како и на неговиот цел стручен штаб. Отказот доаѓа и веднаш по објавата на учеството на Тотнем во Суперлигата, па не се исклучува можноста за некаква поврзаност со став на Мурињо за неа.

Тотнем е првиот клуб во кариерата на Мурињо со кој не успеа да освои трофеј.