Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19. 157 од нив се во Скопје, останатите се регистрирани во 11 градови во државата. Во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица, од кои 30 во болнички услови. Регистрирани сe 556 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 14.781