Европските лидери денеска во 15:00 часот ќе одржат состанок на кој ќе се разговара и за предлозите за воведување на сертификат за граѓаните на ЕУ кои се вакцинирани против ковид.
Членките на ЕУ се длабоко поделени во однос на ова прашање, а пред состанокот во Брисел се зголеми притисокот врз земјите кои се залагаат за издавање на вакви сертификати.
– Advertisement –
Грција и Шпанија бараат брзо усвојување на предлогот за да можат вакцинираните лица слободно да патуваат и со тоа да ѝ помогнат на ранетата економија да застане на нозе.
Од друга страна, некои земји, како Франција и Германија, не ја поддржуваат идејата, бидејќи според нив одлуката за „пасоши за вакцини“ би значело дискриминација на луѓето кои од одредени причини не смеат или не сакаат да се вакцинираат.
Франција, која има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за „пасош за вакцини“ е прерана.