Jас сум на страна на работниците. Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство. Секако, имам предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела. Ќе разговараме со сите засегнати страни и ќе најдеме решение, изјави премиерот Димитар Ковачевски, а во врска со противењето на одредени синдикати за воведувањето на недела како неработен ден.

-Во однос на пензиите, следува покачување. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и заедно со Министерството за финансии и согласно расположивите буџетските средствата ќе обезбедиме зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден а Пензискиот фонд има пари со кои располага, вели Ковачевски.