На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земајва треба да ги направи на патот кон ЕУ, а со македонскиот премиер разговарале и за забрзувањето на евроинтегративните проеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на маргините на самитот се сретна и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој исто така дал поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.

Ковачевски истакна дека е важна силната поддршка од нашите меѓународни партнери и поддржувачи, кои го препознаваат напредокот на нашата држава.

„Нашата иднина е во ЕУ, друга алтернатива немаме, нашите граѓани заслужуваат европска иднина и подобар животен стандард“ напиша Ковачевски на социјалните мрежи.