„Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски на Самитот на европската политичка заедница во Молдавија.

Тој додаде дека Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата и дека поддршката за Украина ќе продолжи се додека тоа е потребно за украинскиот народ.

Претседателот на Украина, Зеленски се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, истакна дека таа доаѓа во клучни моменти. Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа.

Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, а земјава исто така ја поддржува и евро атлантската интеграција на Украина и посветеност на политиката на отворени врати на НАТО.