Опозицијата, но и некои експерти претпоставуваа дека ќе има енормно зоглемување, но со напорната работа на раководството на државните електрани го зголемивме прозводството и имаме намалување нацената на струјата, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на годишната конференција „Година на нови можности“.
Тој кажа дека намалувањето на цената е во првите дв аблока, каде што се најголемиот дел од домаќинствата, а благо поскапување има во третиот блок и поскапа струја во четвртиот блок. Тој информира дека за малите компании е намалена цената на електричната енергија за 20 проценти.