Чинот на уважување и почитување на јазиците покажува еден европски, цивилизиран и напреден начин на функционирање во светот. Aлбанскиот јазик не е мој мајчин јазик, но албанскиот јазик е мој братски јазик, истакна премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на азбуката на албански јазик.

„Денес, на 114 годишнината од стандардизирањето на албанската азбука, се потсетуваме дека мајчиниот јазик мора да го чуваме, да го славиме, да го негуваме за да стане и бесмртен. А за тоа да се случи треба да се погрижиме секој правилно и активно да го користи во своето секојдевие, низ државата и надвор од неа. Честит да е Денот на албанската азбука“, вели премиерот.