Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.На средбата, како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери дискутирале за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Северна Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.-Пленковиќ истакна дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.
Премиерот Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Северна Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство, се вели во соопштевнието од Владата.Двајцата соговорници се согласиле дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза.