По завршувањето на прес конференцијата, новиот премиер Димитар Ковачевски, од новинарка од Бугарија доби на подарок, како што рече, црвено бугарско јаболко. Како што рече новинарката, ова јаболко е во знак дека Ковачевски ќе го запази единството помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Ковачевски секако се заблагодари, а неговиот колега Кирил Петков, реагираше со насмевка и со зборовите: Нашето јаболко е убаво.