Утрово премиерот на Макеоднија Димитар Ковачевски телефонски разговарал со лидерот на најголемата опозициска партија кај нас Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува ТВ21.

„Се договоривме во наредниот период да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, меѓутоа поради презафатената агенда навистина во Владата како и поради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација заради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и ќе се случи многу наскоро, бидејќи природно и нормално е двете најголеми партии да комуницираат меѓу себе“, рече Ковачевски во интервју за македонската телевизија.

Тој рече дека на средбата ќе се дискутира за големите предизвици пред кои е исправена Македонија, а тоа е здравствената и енергетска криза како и топлинската криза.

Додаде дека ќе се разговара и за евро-интеграцискиот процес.

„Тоа не го гледам јас само преку разговори со Бугарија туку како еден цел процес на реформи во македонското општество, вклучително реформми во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот, има голем број на закони кои се поднесени во Собранието. Треба заедно низ парламентарна дебата да бидат донесени во Собранието“, додаде Ковачевски.