Косово официјално ја поднесе апликацијата за членство во ЕУ. Премиерот Албин Курти тоа го стори од владата на Чешка, земја која во моментов претседава со ЕУ. Министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулаш Бек, рече дека го поддржува Косово во неговиот пат кон ЕУ. Од друга страна, српскиот претседател Вучиќ изјави дека барањето на Косово за членство во Европската унија го прекршува Вашингтонскиот договор. Но, договорот предвидуваше само едногодишен мораториум.

Advertisements

Прикажи повеќе