Наставата на сите нивоа во средното образование во Косово, од понеделник, ќе продолжи без ограничувања на физичкото учество на учениците во училиштата. Министерката за образование, Арбрие Нагавци рече дека одлуката е донесена во соработка со Националниот институт за јавно здравје на Косово и Министерството за здравство. Учениците со исклучок на основците од прво до петто одделение, учат онлајн од 12 април. Ова беше една од мерките преземени од Владата на Косово за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот. Косово, во последните неколку недели, се соочи со зголемување на бројот на заразени и починати од корона.
– Advertisement –