Поранешниот претседател на Марсеј, Бернард Тапи беше претепан во неговиот дом во близина на Париз.

Француските медиуми денес објавија дека контроверзниот бизнисмен заедно со неговата сопруга Доминика биле врзани и потоа претепани во неговиот дом од разбојници.

Бернард и Доминика спиеле во нивниот дом кога разбојниците влегле во куќата. Ги врзаа, ги малтретираа и ги тепаа со безбол палка сè додека не признаеа каде е сефот со парите и другите скапоцености.

Поголемата трагедија ја спречиле соседите кои сфатиле дека нешто чудно се случува во куќата на овој бизнисмен и повикале полиција.

На крајот Доминика била итно пренесена во болница со тешки повреди додека 78-годишниот Бернард одбил да оди во болница.

Бернард Тапи како претседател на Марсеј учествуваше во бројни скандали поради местење на натпревари, кои на крајот го принудија да го напушти клубот, и тој беше осуден на повеќе од две години затвор.