Иако Интер денеска го очекува дерби пресметка со Рома во Серија А, мислите на трененерот Антонио Конте ќе бидат на „друго место“.

Имено, Конте е жртва на измама која ја организираше италијанскиот брокер во Лондон, Масимо Боскичо.
Боскичо измамил осум клиенти на кои им земал милионски суми, а меѓу нив е и Конте кој е „олеснет“ за 30 милиони евра.

Изминатото лето, судот во Лондон го прогласи за виновен Масимо Боскичо и му наложи да им ги врати парите на оштетените, но имејлот и документите кои ги приложил на клиентите и судот биле лажни, што според медиумите во Англија и Италија укажува дека тој нема намера да им ги враќа парите.

Инвестициите или се пропаднати или воопшто не постојат, а тоа дополнително ќе го утврдува полицијата која издаде налог за апсење на Боскичо, но тој е недостапен и за Интерпол. Според последните информации, Масимо Боскичо се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати.
Покрај Конте, измамени се и фудбалерот Стефан Ел-Шарави, адвокатот на Клаудио Раниери како и италијанскиот амбасадор во Лондон, Тромбете.

Шансите дека оштетените ќе ги добијат парите назад се мали иако на Боскичо му е запленет имотот кој се додека трае судскиот спор, не може да биде продаден на аукција.