Незаборавни рути.
Луѓето често го избираат возот како превозно средство бидејќи нуди многу порелаксиран тип на патување каде што нема бескрајни гужви како на аеродром, козметиката не мора да се пакува во мали пластични шишиња, а во текот на целото патување погледот низ прозорецот често е идиличен.
Ова се едни од најубавите рути на сетот, според гласовите на патниците, пишува Pun kufer.
Воз низ Карпестите Планини
Рутата е дизајнирана од компанија за луксузни возови и го поврзува Денвер, Колорадо со градот Моаб, Јута. Работи само преку ден, така што патниците не ги пропуштаат прекрасните глетки на кои можат да им се восхитуваат. Градот Моаб е и влезот во националниот парк Арчес. Цената по лице е околу 1000 евра и вклучува едно ноќевање во хотел.
Возење низ Шри Ланка
Возењето помеѓу градовите Канди и Ела минува покрај живописните села, зелените ридови, плантажите со чај и многу други убавини на Шри Ланка и всушност нуди вистинско доживување на локалната култура. Патувањето трае 7 часа и е многу евтино, цената е околу 13 евра доколку сакате да бидете сигурни дека ќе имате каде да седите.
Пилатус Луцерн во Швајцарија
Тешко дека можете да погрешите со изборот на рута во Швајцарија бидејќи речиси сите од нив нудат поглед на прекрасните Алпи, шармантните алпски градови и неверојатно убавите езера. За оние кои сакаат малку повеќе, потребно е да одат во Алпнахтад и да се качат на Пилатус Луцерн – најстрмното возење на светот! Релативно кратко возење од околу 45 минути нуди спектакуларен поглед на планината Пилатус и чини околу 600 евра.
Северниот истражувач, Нов Зеланд
Најдолгата патничка рута во Нов Зеланд започнува во Окленд и минува низ Хамилтон, Националниот парк Оторохангу, Палмерстон и завршува во главниот град Велингтон. Ако одлучите да го истражите Нов Зеланд на овој начин, ќе видите вулкански врвови, крајбрежје и можете да застанете во пештерите Ваитомо, познати по своите светлечки црви. Ова не е најбрзиот начин бидејќи трае околу 12 часа, но е најубав и најрелаксиран.
Amtrak Adirondack во Њујорк
Постои побрз начин да се стигне до Монтреал од Њујорк, но оваа рута е хит за секој што сака да ги истражи долината на реката Хадсон и бреговите на езерото Шамплејн по прифатлива цена. Возот сообраќа дневно и чини 60 евра. Земете книга со вас и уживајте во опуштено патување.