Лионел Меси во финалето на Супер-купот на Шпанија доби црвен картон, прв во неговата кариера. Тој при еден дуел со противничкиот играч, го удри во лицето, со што му беше покажан патот кон соблекувалната.

Шпанските медиуми се поделени околу висината на казната. Некои пишуваат дека Меси ќе биде на „ладење“ дури 12 меча, додека други велат дека веќе е одредена казната, и таа изнесува само два меча, но треба да биде потврдена од дисциплинската комисија.

Исто така медиумите потенцираат дека треба да биде земен во предвид фактот дека ова е само прво исклучување на Аргентинецот во својата долга кариера во дресот на Барселона.