Вкусни, меки и сочни, се топат во устата, а се подготвуваат за многу кратко време.
Потребни состојки:
– 1/2 л млеко
– 5 лажици густин
– 10 лажици шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 150 грама путер
– 1 пакување (1 кг) чајни тркалца
– 200 грама кокос
Дополнителни состојки:
– млеко за потопување
– малку рум
Подготовка:
Млекото ставете го да се вари, па додадете го густинот, шеќерот и ванилиниот шеќер најпрвин во малку ладно млеко, па додадете ги во топлото млеко и сварете ја смесата како пудинг.
Кога ќе се олади додадете и изматен путер. Чајните тркалца потопете ги во млекото со рум, со малечка лажица ставајте од филот меѓу две тркалца, затворете ги и валкајте ги во кокосот.
Повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите намирниците.
Највкусни се кога ќе отстојат неколку часа во фрижидер или уште подобро една ноќ.