На работниците кои работат на празник треба да им  биде исплатена дневница од најмалку 250 проценти апелираат од Сојузот на синдикати. Како што објави Алсат ТВ од понеделник Сојузот на синдикати ќе поднесува пријави до трудовиот инспекторат кој ќе треба да провери дали на крајот на месецот работниците добиле празнична дневница. Сидикатите ги повикуваат работниците да пријавуваа доколку не им била исплатена дневница, а работеле за празник.

„Им укажуваме дека доколку работат на празниците им следува дневница од 250 проценти или тоа значи дневница за колегата кој седи дома и му е платен работниот ден,  една дневница зошто на празник се работи за 50 проценти зголемена. Ова право е уредено во општиот колективен договор во приватниот сектор и како такво се применува без оглед на тоа што во Законот за трговија се пропишува дека дневницата треба да биде повисока до 100 проценти.“

Денешниот и утрешниот ден се неработни денови односно се празнуваат, и треба да се неработни денови според Законот за трговија освен за исклучоци.