За разлика од женскиот стерилитет, машкиот фактор на неплодност нема брзоопаѓачка стапка поврзана со возраста.
Неплодноста кај мажите може да биде предизвикана од голем број фактори. Главниот проблем, кој е заеднички за сите овие фактори е способноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце-клетката. На тема машки стерилитет и како да се интервенира, разговараме со д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“.
Како може да биде категоризиран машкиот фактор на неплодност?
– Машкиот фактор на неплодност може да се категоризира во две главни групи: Проблеми со создавање на спермата, што значи производство на премалку сперматозоиди или воопшто никакво производство. Оваа категорија е понатаму поделена во категории – опструктивна азооспермија и неопструктивна азооспермија. Опструктивна азооспермија е состојба при која постои производството на сперма, но каналите преку кои спермата се пренесува надвор на ејакулатот се блокирани/ оштетени или ограничени од различни причини. Во овие случаи, хируршки методи на екстракција на сперма често се покажуваат како успешни и мажи со опструктивна азооспермија често може да имаат свои биолошки деца со употреба на IVF/ ICSI третманот. Неопструктивна азооспермија се однесува на проблемите што се поврзани со производство или созревање на сперматозоидите. Во овие случаи, најчесто се зборува за генетски проблеми, кои предизвикуваат проблеми со производството или созревањето. Хируршкото пронаоѓање сперма понекогаш може да доведе до успех, сепак, во повеќето случаи со цел да се постигне бременост, може да биде потребен ИВФ третман со користење сперма од донатор.
Проблеми со способноста на сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат, што може да биде случај кога абнормалната форма или структура на сперматозоидите ги спречува тие да се движат правилно. Понекогаш човекот е роден со проблемите кои влијаат на неговата сперма. Во други случаи, проблемите почнуваат подоцна во животот поради болест или повреда. На пример, цистична фиброза често предизвикува неплодност кај мажите. Бројот и квалитетот на спермата на човекот, исто така може да бидат погодени од неговото севкупно здравје и начин на живот. Некои работи што може да го намалат бројот и/или квалитетот на спермата се: алкохол, дрога, еколошки токсини, вклучувајќи пестициди и олово, пушење цигари, здравствени проблеми, лекови, терапија со зрачење и хемотерапија за рак, или изложеност на зрачење при работа, како и возраста.
Зошто е важна и што покажува анализата на сперма?
– Со цел да се разбере причината и сериозноста на проблемот, анализата на сперма е многу важна. Анализата на сперма ќе покаже многу важни параметри, како волуменот на сперма, и бројот на сперматозоиди кои за возврат ќе покажат дали има доволно сперматозоиди во ејакулатот да ги оплодат јајце-клетките. Сепак, имањето доволно сперматозоиди не е задоволителен услов. Овие сперматозоиди, исто така ќе треба да имаат одредено ниво на подвижност, што укажува на способноста на сперматозоидите да се движат слободно и да ги достигнат јајце-клетките за да се случи оплодувањето. Слично на тоа, морфологијата на сперматозоидите е уште еден многу важен фактор кој покажува колку проценти од сперматозоидите имаат нормална структура и поради тоа, се одржливи. Пред да го дадете вашиот семен примерок за анализа, потребни се 3-5 дена апстиненција за добивање попрецизни резултати. Ова е исто така важно првично за обезбедување на примерокот пред третманот за плодност.
Кога се користат хируршки интервенции?
– Во некои случаи, дури и ако производството на сперма не е доволно за да се произведе сперма преку ејакулација, мали хируршки процедури како TESE и microTESE може да се користат за добивање сперма. Овие интервенции се релативно лесни, брзи и безболни. Доколку се пронајдат живи сперматозоиди во текот на овие постапки, оплодувањето може да биде возможно. Сепак, треба да се има на ум дека стапката на оплодување со TESE /microTESE сперма ќе биде пониска од оплодувањето со нормално најдената сперма во ејакулатот. Со оглед на квалитетот и созревањето, нивото на хируршки извадените сперматозоиди ќе биде помало споредено со нивото на стандардните сперматозоиди, замрзнување на хируршки изваденa / извлечена сперма често не се препорачува. Во други случаи, каде што не можат да се најдат сперматозоиди или квалитетот е исклучително низок, користењето на донатор на сперма станува единствената алтернатива.
„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје, телефон : +389 (0)2 2734 350
(комерцијален текст)