Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, сега селектор на Македонија и нејзин капитен, Кире Лазаров во големо интервју за „Спортске новости“ порача дека во моментов не мисли на годините, на пензионирањето, туку само на Македонија. Сепак, додава дека во мислите му се и настапите за Нант, на Ф4 турнирот во ЛШ.

Како што вели нашиот Кире, мислел на повлекување, но одредено околности го одложија пензионирањето.

-Сите мислевме дека оваа пандемија ќе престане и како одминуваше сезоната имаше многу проблеми. Клубот имаше потреба и искрено играв и повеќе од планираното. Играв и добро и премногу и клубот покажа интерес за продолжување на соработката, посебно и заради тоа што Гурбиндо најави заминување во Вардар. Размислив и прифатив. За мене не е никаков проблеми, а и на клубот му треба искуство. Потоа во Египет се случи тоа што се случи со македонската репрезентација, а тоа кај нас е трагедија. А всушност не е, па доби и понуда да бидам селектор. Во договор со претседателот на Нант, ја прифатив таа понуда, бидејќи таква шанса не се пропушта, вели Лазаров.

Како што вели тој Ф4 му дава дополнителен мотив и сила. Со неговиот Нант ќе се обидат да стигнат до пехарот, иако секако нема да биде лесно бидејќи таму се наоѓаат Барса, Кил и Алборг. Жрепката сакаше во полуфиналето Нант и Кире да играат токму против неговиот поранешен тим Барселона.