Салата која ќе биде наменета за гејмерите во наредните три години ќе се гради во Шангај.

За сите кои мислат дека Еспортот не е „вистински“ спорт или во него не се вртат големи пари, веста која доаѓа од Кина го потврдува спротивното.
Градоначалникот на Шангај објави дека наскоро ќе започне изградба на Арена во која ќе се одржуваат само еспорт натпреварувања , а изградбата ќе чини неверојатни 900 милиони долари.

Шангај изминатата есен беше домаќин на финалето на „League of Legends“ и за многумина во светот на видео игрите, тој е главниот град на еспортот.
Финалето на „League of Legends“ оваа година исто такаќе се одржи во Шангај.

Новата Арена ќе биде изградена на 500.000 квадратни метри и ќе има капацитет од 6.000 места, а во неа ќе биде изграден и хотел кој ќе биде наменет за натпреварувачите.
Изградбата на Арената ќе биде завршена 2023 година, а свеченото отворање е предвидено да биде во 2024 година.