Кина е многу загрижена поради конфликтот во Украина кој ескалира, па дури и излегува од контрола, изјави кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на прес-конференцијата во Пекинг.

„Како и секогаш, Кина ќе продолжи да го промовира мировниот дијалог и да работи со меѓународната заедница за решавање на проблемите преку дијалог. Ние сме заинтересирани само за заедничката безбедност“, рече Чин Ганг.

Кина уште еднаш ги отфрли тврдењата дека ѝ помага на Русија со вооружување.

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен, еден ден претходно, предупреди дека последиците ќе бидат огромни доколку се потврди кинеската воена помош за Русија, а за тоа истиот ден зборуваа и некои европски лидери.

„Ги повикуваме одредени земји веднаш да престанат да долеваат масло на огнот на конфликтот во Украина со ваквите изјави. Ние стоиме цврсто против каква било форма на хегемонија и против какво било странско мешање во работите на Кина. Време е да престанеме да ја обвинуваме Кина“, рече Чин Ганг.

Прикажи повеќе