Кинеското разузнавање купувало податоци од кинески фирми за сајбер безбедност украдени од македонски владини инстируции преку хакерски напади, објави неодамна британскиот дневен весник Гардијан повикувајќи се на веб страната Github, на која беа објавени над 500 датотеки протечени од кинеската фирма I Soon.  Весникот тврди дека во една од датотеките има скриншот од папка со наслов „Белешки од Секретаријатот за европски парашања на Северна Македонија, а друга датотека е поврзана со Европската унија (ЕУ).

Упадот на кинеските хакери во податоците на главната институција одговорна за интеграцијата на земјата во ЕУ, треба сериозно да ги алармираат македонските институции од малигното влијание на Кина. Овој пример недвосмислено покажува неискрен однос на кинеската влада кон Северна Македонија. Од една страна официјален Пекинг не пропушта прилика пред македоднските власти да истакне дека со нашата земја сака да воспостави пријателски односи врз основа на взаемно почитување, а од друга страна користи хакери за крадење податоци од македонските институции. Тоа очигледно не е пријателски гест бидејќи пријателите меѓусебно не се шпионираат.

Овој сериозен инцидент во македоонско-кинеските односи потикнува сомнеж кон вистинските намери на Кина во однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. После тоа, легитимно е да се постави прашањето, дали Кина навистина сака да ја види Северна Македонија како членка на ЕУ или има скриени намери? И не само тоа, дали преку нелегалното собирање податоци за еворинтеграцијата на земјата се сака да се опструира процесот во наредниот период? После ова, македонските власти имаат сериозна основа да се посомневат во искреноста на изјавите на киескиот амбасадор Џанг Ѕуо, кој минатиот месец во еден долг пропаганден документарец објавен од една македонска телевизија ја убедуваше јавноста дека Кина ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ бидејќи тоа било и кинески интерес.

Тоа што загрижува уште повеќе е прашањето, дали украдените податоци од Секретаријатот за европски прашања се единствените украдени информации од кинеските разузнавачи? Дали можеби хакерски напади имало и врз други институции кои располагаат со сензитивни податоци, како што е Управата за јавни приходи (УЈП)? Ако кинезите дошле до такви информации можат да нанесат сериозни штетни на македонската економија. Затоа, владините инсититуции треба многу повеќе да посветат внимание на безбедноста на критичната инфраструкура на земјата затоа што ако Кинезите се дрзнале еднаш, нема да се воздржат да ги користат истите методи да дојдат до сензитивни податоци, со кои ќе можат да ги загрозат интересите на земјата.

Големото истекување на податоци од I Soon открива дека државните безбедносни агенти на Кина праќале големи суми за собирање податоци од странски влади и од разни организации. Така, кинеското разузнавање за да има пристап до електронски сандачиња на десет таргетирани цели за една година, платило околу 3 милиони денари.