Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија (ЦАСЦ) соопшти дека во 2021 година планира повеќе од 40 мисии на лансирања во вселената, а главниот приоритет ќе биде изградба на првата кинеска вселенска станица.

Како што објавила Кинеската медиумска група (ЦМГ), една од мисиите е Тијенвен-1, првата кинеска сонда која е испратена кон Марс.

Сондата полета кон крајот на јули од центарот за лансирање Венчанг, на тропскиот остров Хајнан, во јужна Кина и би требало да стигне до орбитата на Марс за време на февруари. Целта на мисијата е со помош на робот да ја анализира површината на црвената планета.

Како еден од приоритетите за оваа година, Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија (ЦАСЦ) наведе забрзување на примената на БеиДоу сателитскиот систем за навигација и во други области.

Извор: Бета.рс