Кина денеска ја лансираше ракетата „Долгиот марш-2Д” која ќе постави сателит во вселената, јави Ксинхуа.
Сателитот наречен „Пекинг-3Б” полета во 11:01 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Таијуан во северната провинција Шанкси и набрзо влезе во орбитата.
Тој главно ќе се користи за далечинско набљудување во областите на управување со земјишни ресурси, истражување на земјоделски ресурси, мониторинг на животна средина и подобрување на градските услуги.
Ова беше 434-та летачка мисија од серијата ракети Долг Марш, соопшти центарот за лансирање, пренесе Бета.
Кина го лансираше сателитот „Пекинг-3А” на 11 јуни 2021 година.