Кина објави дека ќе ги отвори своите граници за странски туристи првпат по три години од избувнувањето на пандемијата на ковид-19, така што од утре ќе го обнови издавањето на сите видови визи.

Последната мерка за прекугранична контрола поради ковид-19 беше укината откако властите прогласија победа над пандемијата минатиот месец. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба да помогне во зајакнувањето на кинеската економија вредна 17 милијарди долари, која минатата година ја забележа една од најбавните стапки на раст во речиси половина век.

Во областите за кои не беше потребна виза пред пандемијата ќе се врати безвизниот режим, соопшти Министерството за надворешни работи. Тие го вклучуваат јужниот туристички остров Хаинан и преминот со брод за крстарење низ шангајското пристаниште.

Прикажи повеќе