Кина е повторно во состојба на готовност по извештајот за новиот вид на вирусот корона откриен во Лондон, градот кој сега се смета за „новиот Вухан“, од каде според научниците, започнал да се шири вирусот, пишуваат медиумите во Азија.
Вухан ја повика кинеската Управа за цивилно воздухопловство да забрани летови на патници од Велика Британија, а се разгледува и прекинувањето на летовите на товарни авиони од таа земја откако во септември повторно беше воспоставена рутата, според порталот Asiatimes.com.
Некои кинески официјални лица и научници тврдат дека вирусот „ковид-19“ можеби не потекнува од Кина, а кинескиот државен весник „Јангце Дејли“ (Yangtze daily) наведува дека развојот на ситуацијата во Велика Британија може да биде „нов доказ дека вирусот има повеќе верзии и повеќекратно потекло“.
Корисниците на Интернет во Вухан го нарекуваат Лондон „новиот Вухан“ и се прашуваат дали новоназначената британска амбасадорка во Кина, Каролин Вилсон, можеби донела нов вид на коронавирус во нивниот град, откако помина четири дена кон средината на декември и беше видена без заштитна маска на неколку официјални настани.
Вилсон пристигна во Кина од Велика Британија на крајот на октомври и помина 14 дена во карантин во амбасадата во Пекинг, а според некои медиуми, новиот вид на вирус најпрво бил откриен во септември на југоистокот на Велика Британија.
Во Вухан, кој беше блокиран од февруари до април, немало случаи на локално пренесување на вирусот ковид-19 од мај, според кинеската Национална комисија за здравство.
Британија ќе воведува уште построги мерки откако новиот вид корона се прошири низ целата земја