Токму кога ќе помислиме дека работите не можат така да не изненадат, доаѓа моден додаток кој го рекламира познатата старлета, кој во основа е бесмислен.

Имено, старлетата Ким Кардашијан во својата колекција за на плажа, освен костими за капење, продава и ракавици за капење кои достигнуваат до лактите и чинат 48 долари.

Може да се најдат во седум различни бои, големини се движат од XXS до 4XL, а ракавиците се направени во црни, кафеави, бели, па дури и розови нијанси.

Иако продажбата оди добро, многумина не се ентузијасти бидејќи не само што е непотребен додаток, туку е и непрактичен и поради нивното носење би останале траги од потемнување по носењето.

Што мислите за овој моден детал? Споделете со нас во коментарите, би сакале да слушнеме што мислите.