Изгледа дека Ким Кардашијан дефинитивно дигнала раце од бракот со Канје Вест. Имено, ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ е забележана без венчалниот прстен, а и Денот на заљубените има намера да го прослави без раперот.

Ким наводно ги прекинала сите контакти со Канје, а Денот на заљубените во целост ќе им го посвети на децата – ќерката Норт и Чикаго, како и на синовите Сент и Псалм.

„Таа е одлично. Организира прослава за Денот на вљубените со децата и семејството, Нема никаков контакт со Канје. Очигледно дека во овој момент е насочена исклучиво на својата иднина“, откри извор близок до поранешните сопружници, пренесува Дејли мејл.

И додека членката на кланот Кардашијан очигледно продолжила понатаму, Вест наводно негодува бидејќи за нивниот развод наводно ќе се зборува и во новата и последна сезона од семејното реално шоу. Последната епизода од „Keeping Up with the Kardashians” ќе се емитува на 18-ти март, а Ким во неа ќе се осврне и на бројните проблеми кои ги имала во бракот, поради што Канје воопшто не е воодушевен.

Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Во јавноста веќе се зборува дека старлетата веќе ја ангажирала високопрофилната адвокатка Лаура Вејсер со цел да му стави крај на нивниот брак, а налутениот Вест неодамна од нивната заедничка вила во лос Анџелес ги однел сите свои 500 пара патики.