Две третини од Киев сè уште е без електрична енергија, еден ден откако насилните руски ракетни напади ги предизвикаа најголемите прекини во главниот град во изминатите девет месеци откако е почната војната. Температурите во текот на ноќта паднаа под нулата, а улиците на главниот град утрово се замрзнати, јавува Скај њуз.

Advertisements

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека електричарите работат на поправки „што е можно поскоро“, но додаде дека ситуацијата „во голема мера зависи од националната електрична мрежа“.

Руската формула за терор остави милиони без струја, греење и вода, порача Зеленски пред Советот за безбедност на ОН, Кирил Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека е вратена електричната енергија во регионите Кировоград и Виница.

Во меѓувреме, гувернерот на јужниот регион Миколаив, Виталиј Ким, апелираше до Украинците што помалку да користат струја.

Прикажи повеќе