Општина Кичево воведе рестрикции на јавното осветлување во градот и селските населби. Во градот рестрикцијата почнува од полноќ додека во селата во општината ќе немаат улично светло од 23 часот.

Градоначалникот Фатмир Дехари, вели дека како резултат на светската криза со електрична енергија, донеле одлука за воведување рестрикции.

Дехари очекува сметката за јануари-февруари да биде дури до шестпати повисока во споредба со декември претходната година.