Франк Кеси, нема намера да го напушти Милан. Кеси има договор со Милан до наредното лето, поради што се шпекулира дека би можел да го напушти „Сан Сиро“.

„Горд сум што потпишав за Милан и немам намера да си заминам од тимот. Сакам да играм до крајот на кариерата во Милан. Кога ќе се вратам од Олимписки игри ќе потпишам нов договор со тимот“, вели Кеси.

Франк Кеси има договор со Милан до 2022 година, но фудбалерот за врска нема намера да го напушти тимот и најави дека ќе потпише нов договор.

Кеси минатата сезона одигра 37 натпревари, постигна 12 голови и забележа шест асистенции.