Кендал Џенер стана мета на критики и осудувања на социјалните мрежи, откако на својот инстаграм-профил објави фотографија во минимална долна облека.

25-годишната Кендал беше мета на „сајбер линч“ откако многумина ја осудија дека промовира нереални стандарди за тело, бидејќи забелешале голем број на „смешни“ фотошоп грешки.

Џенер беше дел од промоцијата на најновата колекција „SKIMS“ – брендот на нејзината сестра Ким Кардашијан за Денот на вљубените.

Instagram
Instagram

Фотографијата на која супермоделот позира во огледало е навистина сензационална, истакнувајќи ја својата навидум совршена фигура, но не успеа да ги воодушеви сите.

Откако илијадници неимпресионирани обожаватели ја повикаа ѕвездата да прекине да промовира нереални стандарди за женското тело, Кендал одговори на „Твитер“ инсистирајќи на тоа дека таа е „крајно среќна девојка“ што е благословена со телото што го има.

Како одговор на осудите на кои наиде, ѕвездата од „Keeping Up With The Kardashians“ на својот твитер-профил напиша:

Јас сум крајно среќна девојка. Го ценам тоа што го имам. Но, сакам да знаете дека и јас имам лоши денови и ве разбирам.. Вие сте убави какви што сте!!! Не е се толку совршено како што изгледа

„Оваа фотографија е фотошопирана. Кендал очигледно е прекрасна, но тоа не се нејзините вистински пропорции“; „Никој нема толку рамен стомак 24/7“; „Секој е прекрасен каков што е. Оваа глупава употреба на фотошоп мора да престане“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.