Трикратниот победник на релито „Дакар“, Карлос Саинц (Ауди), денеска се повлече од трката во деветтата етапа, прва по слободниот ден. Шпанецот и неговиот совозач Лукас Круз имаа несреќа веќе на шестиот километар од денешната етапа, а нивниот автомобил се преврте кога удри во голема дина. Двајцата останаа да го чекаат сервисниот камион Ауди, но малку подоцна Карлос (60) се пожали на силни болки во десната страна на торзото, па организаторите реагираа и го однесоа Шпанецот во болницата во Ријад на детален лекарски преглед.

Сепак, набргу по полетувањето, Саинц му рекол на пилотот да се врати назад, бидејќи сакал да остане со својот автомобил и да го чека сервисниот камион на тимот.

Саинц ги загуби сите шанси за севкупна победа веќе во шестата етапа од релито по сериозно превртување, а истата судбина го снајде и неговиот „клупски колега“ и голем ривал, Стефан Петерхансел, кој веќе се откажа од конкуренцијата.

Од релито се повлече и сонародникот на Саинц, мотоциклистот Џоан Бареда. Тој имал инцидент на 16. километар, а потоа со силни болки во грбот бил пренесен во болница./Makfax/

Прикажи повеќе