Рајан Мејсон ќе го наследи Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем. Тој ќе биде привремено решение, односно до крајот на сезоната. Мејсон е поранешен играч на Тотенхем, кој играл за овој тим од 2008-ма до 2016-та година. Поради повреда мораше да се повлече од активното играње во 2018-та година.

Сега, Мејсон има 29 години и ќе биде на клупата на тимот за кој играше како фудбалер до пред неколку години.